Неверојатни фотографии од Сиднеј: Не се гледа прст пред око поради чадот кој го прекрил целиот град

Точка

19/11/2019

19:22

1.584

Големина на фонт

а а а

Во шумските пожари во оваа област претходната недела изгореле речиси околу милион хектари земјоделско земјиште и нискостеблести растенија.

По силниот ветер десеттина пожари избувнале во источното крајбрежје на Австралија поради што Сиднеј бил покриен со штетни облаци од чад, а властите ги предупредиле граѓаните на најголемиот австралиски град дека постои опасност по нивното здравје.


Во некои делови од Сиднеј, концентрацијата на чадот е десет пати поголема од дозволената, рекле официјалните лица.

Во шумските пожари во оваа област, претходната недела изгореле околу милион земјоделски земјишта и нискостеблести растенија, пренесуваат од AP.

Силниот ветер разгорел околу 60 пожари во Нов Јужен Велс.


„Кај поголемиот дел од луѓето чадот предизвикал и благи симптоми во очите, носот и грлото. Но, луѓето кои имаат астма или ангина многу се почувствителни на влијанието на чадот“ - изјавил Ричард Брум, директор на одделението за здравје и околина во Нов Јужен Велс.


На терен има повеќе од 1.3000 пожарникари, а во седум области има целосна забрана на палење оган на отворено, со оглед на тоа што се очекува продолжување на суво, топло и ветровито време, соопштиле од пожарникарната служба. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг