Пред само неколку недели се пишуваше за тоа дека пејачката Камила Кабело (22) и нејизниот колега Шон Мендез (21) се во љубовна врска.
Пејачот на својот Инстаграм профил го избришал видеото на кое парот се бакнува, а тоа многумина го протолкувале како знак дека нешто меѓу нив двајца не е во ред. Сепак, најновите папарацо фотографии покажуваат дека нивната љубов цвета.
Младиот пар е фотографиран среде улица кај некој ресторан во Санта Моника каде што биле на романтична вечера, а колку уживале во нивните заеднички моменти покажуваат фотографиите на кои парот страсно се бакнува.
Иако на улица не биле сами, Шон не го спречило тоа да ја прегрне Камила и да почне да ја бакнува.
Иако Шон и Камила се пријатели од 2014-та година сепак љубовните искри почнале да се покажуваат во месец јули, оваа година на снимањето на нивниот заеднички хит, песната “Senorita“, а токму во тоа време Камила раскинала со 32-годишниот Јутјубер Метју Хасеј.
Иако оттогаш биле гледани често заедно, гласините за љубовната врска службено се потврдени неодамна.