Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари, ќе биде преместена во домашен притвор

Макфакс

19/11/2019

16:40

2.189

Големина на фонт

а а а

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, оди во домашен притвор. Апелациониот суд го прифатил нејзиното барање и донел одлука затворскиот притвор да ѝ биде заменет со домашен.

Јанева во истражниот затвор во Шуто Оризари беше од 21-ви август годинава кога беше уапсена како второосомничена за случајот „Рекет“.

Таа неколку пати беше хоспитализирана во болницата „Жан Митрев“ поради проблеми со висок крвен притисок и анксиозност, по што ѝ беше препишувана соодветна терапија и беше враќана во истражниот затвор.

Апелацискиот суд ја донел ваквата одлука ценејќи ја здравствената состојба на ексшефицата на СЈО, како и околностите дека за неа е веќе поднесено обвинение. На Јанева ѝ е одземен пасошот, а државата нема да смее да ја напушти ниту со лична карта.

Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска, очекува таа попладневно да излезе од истражниот затвор.

Првото рочиште за „Рекет“ е закажано за 3-ти декември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг