"Treetop Experience" е името на спиралната кула се наоѓа кај Копенхаген и на посетителите им пружа совршен поглед на околината.
Кулата се наоѓа насред шума и пружа неверојатен панорамски поглед на околните езера, потоците и мочуриштата во шумата Грајсенфелд Кластерс Скове. Кулата е отворена во април оваа година и претставува вистинска туристичка атракција за сите љубители на недопрената природа, кои ќе имаат можност 22 метри над шумата да уживаат во погледот.
Спиралната пешачка патека кој води низ шумата е долга 300 метри, изградена од локално дрво од орев и поврзана е со 45 метри висока кула за разгледување.
Конструкцијата на оваа кула е од челик во валкано портокалова боја, за што е можно подобро да се вклопи меѓу дрвјата и природата низ која минува патека која се состои од два дела.
Повисокото ниво минува низ старите делови на шумата, а таму каде има млади дрвја, минува понискиот дел од патеката.