Планинарски дом на врв на италијанска планина кој нуди незаборавен панорамски поглед

Точка

19/11/2019

16:53

1.501

Големина на фонт

а а а

Планинарскиот дом “Rifugio Lagazuoi” се наоѓа на надморска височина од 2.750 метри на планината Лагацуој на северот од Италија. Објектот нуди панорамски поглед кон зелените долини и Доломитските Алпи.

Сместен е на половина пат помеѓу скијачкото одморалиште “Crotina d’Ampezzo” и долината Бадија. До него може да се стигне пеш или преку жичница. 


Туристите секогаш имаат срдечно добредојде од страна на семејството Помпанин кое е домаќин на домот уште од неговата изградба во 1965 година. Сите авантуристи кои обожуваат историја, можат да ја истражуваат огромната мрежа на ровови и тунели кои италијанските сили ги ископале во текот на Првата светска војна. Подоцна, истите биле реставрирани во доцните 90-ти години како музеј на отворено.


Во понудата влегува и финска сауна која е сместена на самиот врв. Таа е со необичен облик и прекриена со снег, што пружа посебно чувство на удобност. Додека се опуштаат на надморска височина од 2.752 метри, туристите имаат можност да уживаат во панорамскиот поглед кон Доломитите.


“The Guardian” во 2016 година го смести ова место помеѓу најдобрите 10 хотели и одморалишта кои мора да ги посетите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг