Манчини: Можеби не се плашат од Италија, но сигурно не би нè избрале нас за противник...

Точка

19/11/2019

15:52

801

Големина на фонт

а а а

Селекторот на италијанската репрезентација Роберто Манчини е задоволен од изданието на неговите фудбалери на Квалификациите за Европското првенство во 2020-та година.

Перфектните квалификации Италија ги заврши со огромна победа од 9:1 против Ерменија, а на прашањето дали Италија ќе биде фаворит на Европското првенство идната година, Манчини вели дека ривалите се во предност.

„Мислам дека тие се посилни затоа што се чекор пред нас со своите планови. Франција на пример започна пред неколку години, играа финале на Европското првенство и се светски шампиони. Истиот случај е и со Шпанија, а Белгија во последните пет-шест години има огромни таленти. Потоа и Англија“, изјави Манчини и додаде:

„Сите тимови кои ги наведов започнаа да се градат порано од нас, но Италија има голема историја и мислам дека на другите тимови нема да им биде лесно кога ќе играат против нас. Можеби не се исплашени, но да можат да бираат, би избрале некој друг противник“, изјави Манчини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг