Научниците потврдија: Природниот сателит на Јупитер има вода!

Точка

19/11/2019

16:20

2.149

Големина на фонт

а а а

Повеќе нема место за сомнеж дали на природниот сателит на Јупитер – Европа има вода. Научниците на НАСА конечно воочиле директен доказ.

Европа веќе подолго време беше кандидат како место каде што може да се пронајде вода во нашиот Сончев систем, а со тоа и можен живот.

Научниците на НАСА сега за прв пат и директно открија присутност на водена пареа во атмосферата на Европа и со тоа ги отстранија и најмалите сомнежи дали природниот сателит на Јупитер под својата површина крие вода, или пак не.

Откритието е направено со користење на опсерваторијата „Кек“ на Хаваи, каде што меѓународниот тим на експерти го анализирал хемискиот состав на атмосферата на Европа, користејќи податоци добиени со спектограф.


Научниците барале одредени фреквенции на инфрацрвено светло кои се поврзани со присутноста на одредени типови на молекули. Токму на тој начин пронашле фреквенција која е поврзана со присутноста на молекулите на водата. Тоа е воедно и прв пат да е пронајден директен доказ за постоење на водена пареа на површината на Европа.

„Додека се уште не сме откриле течна вода, сепак ја пронајдовме досега најдобрата работа, а тоа е вода во облик на пареа“, изјави Лукас Паганини, планетарен научник на НАСА.

Паганини и неговиот тим откриле дека тие извори на водена пареа која избива од површината на Европа се случуваат еднаш на 17 дена. Но, кога ќе се случи ерупцијата, тоа се случува со полна сила, односно со ослободување на 2360 килограми материјал по секунда, што е доволно вода за да се наполни олимписки базен за неколку минути.

Научниците сега уште повеќе веруваат дека под замрзнатата површина на Европа се наоѓа океан. Неодамна потврдената мисија на НАСА наречена „Клипер“ треба да ги пополни преостанатите дупки во врска со истражувањето на природниот сателит на Јупитер, а таа мисија е закажана за 2025-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг