„Ги следиме неговите желби“: Се огласи сопругата на Михаел Шумахер по обвиненијата на Вебер

Супермен

19/11/2019

16:41

3.733

Големина на фонт

а а а

Корина Шумахер, сопругата на легендарниот возач на Формула 1 Михаел, се огласи во јавноста по повод обвиненијата дека на никој не му дозволува да го види нејзиниот сопруг.

Да ве потсетиме дека Корина беше нападната од страна на Вил Вебер, некогашниот менаџер на Шумахер кој се пожалил дека не може да појде да го види неговиот пријател.

„Знам дека Шумахер е лошо, но за жал не знам каков напредок постигнува. Корина ме спречи да го видам. Веројатно се плаши дека ќе видам што се случува и ќе ја објавам вистината. Во целост верувам во закрепнувањето на Михаел затоа што знам дека тој е борец. Доколку постои можност да се спаси, ова можеби не е крајот за него. Се молам за него и убеден сум дека повторно ќе се видиме“ - изјавил Вебер.


Одговорот на Корина во врска со ова пристигнал набрзо:

„Тој е во најдобрите можни раце и даваме сè од себе за да му помогнеме. Сфатете нè, ги следиме неговите желби, неговото здравје да остане во тајност. Сè што е возможно да се направи човечки, ние го правиме тоа. Таква чувствителна тема ние ја држиме во тајност затоа што тој така сака“ - истакнала сопругата на Шумахер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk