Први фотографии од новиот X-Trail на Nissan

Точка

19/11/2019

15:48

1.864

Големина на фонт

а а а

Актуелната генерација на X-Trail, еден од најпродаваните кросовери на светот е на пазарот од 2013-та година.

Две години после редизајнот на популарниот модел на Nissan во кој беа променети браниците и освежен ентериерот, пристигнува новата генерација.

Според првичните фотографии, новиот X-Trail значително ќе се разликува од претходникот, а бројни дизајнерски елементи се преземени од новата генерација на помалиот кросовер на јапонската компанија, Juke.

Сепак, новиот X-Trail ќе ги задржи димензиите и обликот од актуелната генерација, со што ќе добие малку поостри линии. Главната промена се очекува да биде во внатрешноста, каде што најверојатно ќе доминира голем мултимедијален екран со дигитална инструмент табла.


Кога станува збор за моторите, јасно е дека новиот X-Trail ќе добие модерни агрегати како 1,3-литарскиот турбо-бензинец, но и хибридна верзија базирана на 1,2-литарскиот турбо-бензинец кој во комбинација со електромоторот ќе развива 136 коњски сили и 320 Nm максимален обртен момент.

Nissan нема официјално потврдено кога новата генерација на X-Trail ќе пристигне на пазарот, но според шпекулациите на јапонските медиуми, тоа најверојатно ќе се случи веќе на почетокот на идната година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг