Камерите ја снимија вооружената пресметка: Телохранител застана пред куршумот и спаси жена

Точка

19/11/2019

15:15

2.837

Големина на фонт

а а а

Благодарение на брзата реакција, мексикански телохранител успеа да го спаси животот на една жена.

Надзорните камери на хотелот „Санта Фе“ во Мексико Сити снимија доставувач на пица како на мотор му се приближува на црн џип од кој телохранителот штотуку излезе.

Тој веднаш примети дека нешто не е во ред, па кога жената се обиде да ја отвори вратата, телохранителот застана пред „доставувачот на пица“. Набрзо потоа напаѓачот извади пиштол и започна пресметка, а телохранителот успеа да ја заштити жената така што со своето тело цело време ја покриваше додека не побегна.

Не е познато зошто жената била мета на нападот, но ваквите појави не се реткост во Мексико каде што криминалот е во огромен подем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг