Градот Бард се наоѓа во северозападниот дел на Италија во Долината Аоста. Во ова место денес има вкупно 130 жители, а пред неколку векови имало голема улога во историјата.
Бард се наоѓа на реката Дора Белтеа на еден час оддалеченост од градовите Милано, Аоста и Торино. Овој град има неколку знаменитости, а најголема е тврдината Бард.
Тврдината, каква што ја гледаме денес, е направена меѓу 1830-та и 1838-ма година за време на власта на Карло Алберто од Сардинија, припадник на династијата Савоја.
Тврдината Бард настанала од утврдување од 10-тиот век. Во владеењето на династијата Савоја, тврдината добила дополнително утврдување и уредување, кое значајно страдало пред налетите на француската војска.
Кога Наполеон сакал неговата војска неочекувано да влезе во долините на Аоста и Торино, за да ги нападне Италијанците неподготвени, во градот Бард 400 австро-пиемонтски војници ја сопреле француската војска од 40.000 луѓе и благодарение на моќната тврдина ги задржале две недели, што го уништило нивниот план.
Наполеон тогаш оваа тврдина ја нарекол "злобен замок Бард" и во 1800-та година наредил да се срамни со земја. Сепак, во страв од нов напад од Французите, Карл Алберт од Сардинија наредил да се изгради нова тврдина.
Задачата му била дадена на воениот инженер Франческо Антонио Оливер, кој направил напредно воено-стратешко утврдување во чии 283 соби можеле да престојуваат 416 војници, а имало и доволно место за оружје, муниција и храна за три месеци.
Тврдината се користела во воени цели се до 1975-та година, а пет години подоцна била отворена како туристичка атракција. По десет години тврдината била затворена за да се реставрира, а обновата траела 16 години.
Денес во тврдината Бард има неколку музеи.