Талибанците објавија дека на југот во Авганистан денеска ослободиле двајца заробеници, Американец и Австралиец, кои повеќе од три години биле заробеници на бунтовниците.
Претседателот на талибанците соопштил дека Американецот Кевин Кинг и Австралиецот Тимоти Викс се ослободени во провинцијата Забул во областа која е поголем дел под контрола на талибанците.
Засега не е познато дали двајцата, инаку професори на американскиот универзитет во Кабул, се предадени на претставници на авганистанската влада, на посредници или на американските сили, пренесе АП.
Тие се ослободени неколку часа откако авганистанската влада ослободи тројца талибански затвореници, кои се пренесени во Катар.
Претходно талибанците објавија дека тројца талибански затвореници, кои ги ослободил Кабул, ќе бидат разменети за американски и австралиски заложник.
Меѓу тројцата талибански затвореници е и Анас Хакани, помлад брат на Сираџудин Хакани, кој ја предводи злогласената мрежа „Хакани“.