Се огласија сирените во Израел: Четири ракети полетале од Сирија...

Точка

19/11/2019

11:54

1.136

Големина на фонт

а а а

Израелската армија соопшти дека денес биле пресретнати четири ракети лансирани од Сирија, а поради тоа се огласиле и сирените. Набрзо потоа се слушнале и неколку експлозии во сирискиот главен град Дамаск.

Во соопштението на израелската армија е наведено дека не е причинета материјална штета кај израелските заедници на Голанската висорамнина, откако во раните утрински часови сирените за воздушен напад ги разбудиле жителите и предизвикале паника во северниот дел на Израел.

Засега нема официјална реакција од Сирија, но сириската државна новинска агенција „Сана“ пренесува дека на меѓународниот аеродром во близина на главниот град Дамаск непосредно после тоа се слушнале неколку експлозии.

Од израелската армија не ги коментираа експлозиите во Сирија, но израелскиот министер за одбрана Нафтали Бенет свикал состанок на државниот врв во Тел Авив, додека пак министерот за надворешни работи Кац порачал дека неговата земја ќе реагира на „соодветен начин“.


Според неодамнешните израелски разузнавачки проценки, најверојатно Иранците, кои инаку го ја поддржуваат палестинската терористичка организација Исламски џихад, одлучиле да одговорат на израелската неодамнешна акција во која беше ликвидиран првиот човек на Исламски џихад.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху неодамна порача дека Израел ќе ги напаѓа иранските мети доколку Техеран делува против еврејската држава.

Инаку, иранските сили имаат свои воени бази во Сирија каде што имаат распоредено свои војници и воена опрема. Покрај тоа, Иран го поддржува и вооружува либански Хезболах, како и палестински Исламски џихад.



Спонзорирани линкови

Маркетинг