Враќањето во Шпанија му е единствена опција: Нејмар дефинитивно го одбил новиот, екстремно богат договор од ПСЖ

Дерби

19/11/2019

11:28

1.542

Големина на фонт

а а а

Како што пренесува каталонскиот весник „Спорт“, Нејмар без многу размислување го одбил новиот договор кој му бил ставен на маса од страна на раководството на ПСЖ.

Според тој договор, Нејмар требалод а заработува многу повеќе од тоа што го заработува во моментов, а би се обврзал на соработка со францускиот клуб до 2025 година.

Сепа, Бразилецот ја одбил понудата и се уште чека шанса да се врати назад во Шпанија, во редовите на Барселона од каде во 2017 година за сума од 222 милиони евра направи рекорден трансфер во ПСЖ.

Инаку, во актуелниот договор кој го има Нејмар со ПСЖ имало клаузула која му дозволува на играчот да си замине од клубот за 180 милиони евра откако ќе помине три години во клубот. Следното лето тој ќе наврши три години во ПСЖ, па Барселона ќе може да го врати за помали пари отколку што го продаде.



Спонзорирани линкови

Маркетинг