Драмата во Хонгконг и натаму трае: 100 демонстранти веќе трет ден се забарикадирани на Универзитетот

Точка

19/11/2019

08:57

1.169

Големина на фонт

а а а

Стотина демонстранти веќе трет ден во низа се забарикадирани на Политехничкиот универзитет во Хонгконг.

Полицијата го има целосно опколено Универзитетот, приодите се блокирани и се апси секој кој што ќе ја напушти зградата. Лидерката на Хонгконг, Кери Лам изјави дека кампусот на Универзитетот досега го напуштиле околу 600 лица, меѓу кои 200-тина демонстранти помлади од 18 години.

Таа тврди дека малолетните демонстранти нема да бидат уапсени, но и дека подоцна би можеле да се соочат со обвиненија.

Политехничкиот Универзитет стана средиште на судирите помеѓу демонстрантите и полицијата минатата седмица откако демонстрантите го забарикадираа кампусот на Универзитетот.

Десетина демонстранти успеаа синоќа да побегнат од Политехничкиот универзитет така што се спуштија од мост висок десетина метри кој се наоѓа во рамките на кампусот и побегнаа со мотори кои ги подготвиле за бегство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг