Осум начини на водење љубов кои сите парови мора да ги пробаат

Точка

18/11/2019

21:31

7.138

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за интимниот живот, повеќето парови се држат до проверени работи со некои повремени “излети“ во испробување нови пози.

Иако можеби ви изгледа дека во вашиот живот не сте пробале повеќе од два-три видови на секс, ако сте во долга врска, големи се шансите веќе да сте ги пробале сите осум видови кои повеќето парови ги пробале.


1. Романтичен секс

Долга предигра, многу нежност, свеќи и романтична музика се главните карактеристики за вакви интимни моменти.

2. Секс набрзина

Голема доза адреналин - а тоа се случува во моменти кога целосно им се препуштате на страстите. Иако трае само неколку минути, може да биде спектакуларен. 

3. Секс на забрането место

Плажа, шума или автомобил се некои од местата кои за многу парови се омилено љубовно гнездо. Иако можеби ќе ви биде неудобно, веројатно во иднина ќе сакате да го испробате. Ќе ја обожувате дозата адреналин кој доаѓа во пакет со сексот на забрането место.

4. Секс за смирување

Иако никој не сака расправање, повеќето уживаат во водењето љубов кое служи како ставање 'точка' на расправијата. Тој може да биде страствен како и сексот на самиот почеток од вашата врска.

5. Водење љубов во хотел

Новиот простор може да биде исклучително стимулирачки и да донесе нова доза сексуална возбуда, па таквиот секс долго се памети.


6. Утрински секс

Нема подобро чувство од тоа да ве разбудат нежни или страствени допири кои предизвикуваат огромна страст под чаршафите.

7. Секс под туш

Заедничкото капење има посебна магија иако веројатно нема да изгледа баш онака како што е на филмовите.

8. Водење љубов во тишина

Можеби ви изгледа здодевно, но препуштете им се на страстите во моменти кога не смеете да испуштите ни глас, бидејќи во другата соба има некој - може да биде спектакуларно. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг