Срцето ќе ви се распарчи на милион делчиња: „Ја најдов мајка ми на Фејсбук - ме блокираше“

Точка

18/11/2019

21:10

7.360

Големина на фонт

а а а

Животната приказна на Малиот Дејан нема да ве остави рамнодушни. Додека неговите врсници се грижат какви телефони или патики имаат, 11-годишниот Дејан пешачи пет километри низ шума за на училиште.

Го дели креветот со баба му, а живее во дрвена куќа без бања или вода, каде електричната енергија честопати се губи. Но, тоа не е најтешкиот дел од неговиот живот. Поточно, пред четири години, неговата мајка ја земала помладата сестра и заминалс, а Дејан го оставила – заминала и никогаш не се вратила.

До куќата на Дејан нема автобус, пешачи до училиште и назад двапати на ден. Најтешко му е во зима, а на патот знаат да му се појават и диви животни, но малиот Дејан вели не се плаши.


„Имаше мечка овде, но не сум исплашен. Ќе се вратам дома, ќе отспијам додека не замине.“

Дејан живее во стара дрвена куќа во село Агич во Хрватска. Куќата се распаѓа но за него таа е дом. Живее со неговата баба, Стена Зориќ, која му е поддршка и потпора, а за него вели дека такви деца може да исчувам уште пет.

„Тој сам си пишува домашна задача, се облекува, чисти“, вели Стана.

Таткото и дедото работат во рудникот и се повеќе на работа отколку дома. Таткото спие во колибата што порано била штала. Дедото спие на еден кауч, а тој и баба му делат еден кауч. Поради нејзините болки во нозете, спие речиси седната, па затоа вели дека не им е тесно.


Мајка му го напуштила пред повеќе од четири години. Едно утро ја земала неговата помлада сестра и само заминала. Таа го одземела оној кој тој најмногу го сакал и кој сè уште го сака.

„Кога замина, таа имаше четири, четири и пол години. Така, за една и пол година ја видов двапати и никогаш повеќе не ја видов“, вели тој, додавајќи дека името на неговата сестра е Дејана Зориќ.

Дејан и Дејана. Таа го добила името по него, а сега дури и не знае како изгледа. Не знае зошто мајка му заминала на таков начин, но знае дека тие живеат некаде наоколу, не знае каде точно, но успеал да ја пронајде на Фејсбук.

„Ја најдов мајка ми на Фејсбук, имаше фотографија од неа. Испратив барање за пријател, но таа не ме прифати, го одби барањето“, вели Дејан и додава дека искрено не знае што би ѝ кажал на мајка му да ја види, но би ја замолил да ја му ја врати сестричката.


Дејан ја носи својата тага со себе и ја мери храброста со солзи што не ги пуштил. Дури и море солзи не би било доволно за да се измие целата тага и сите тешки работи што ги преживува ова момче во животот. Но Дејан сè уште сонува за сестра и подобра иднина.

Дејан освен на училиште пешачи и за да вежба карате. Неговата волја го трогнала тренерот Милан. Малку деца има денес како Дејан, вели тој.

„Ние сме многу неблагодарни, особено во денешно време, кога апсолутно сè е обезбедено за децата. И тогаш е многу тешко кога ќе се најдете во ситуација кога ќе ја видите оваа друга страна, каде едно 11-годишно момче практично нема ништо”, рекол тренерот на Дејан Милан Јованиќ.

Тренерот е татко на две момчиња, и се обидува колку може да му помогне, му купил патики и “кимоно“ за тренинг, но не застанал тука. Тој и неговиот колега Владо Марјановиќ решиле да преземат активности за да му помогнат на Дејан.


„Крајната цел е тој да биде во неговата куќа за Божиќ. Најдовме парче земја која е покрај патот и поблиску до училиштето“, велат тренерите. Тие сакаат да купат монтажна куќа за Дејан и семејството – дом во кој повеќе не би требало да дели кревет со баба му, во кој би имал своја соба.

Тој сè уште не разбира многу, но за неговата возраст, тој знае премногу. Не треба да си возрасен, за да бидеш човек. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг