Путин и Макрон имале важен разговор: Ова била главната тема за двајцата претседатели

Точка

18/11/2019

20:30

2.490

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска разговарале за ситуацијата во Украина непосредно пред самитот на Нормандиската четворка во Париз, кој треба да биде одржан на 9-ти декември, соопшти прес-службата на Кремљ.

Двете страни истакнале дека таквиот состанок би требало да промовира најбрзо и целосно спроведување на Минскиот договор, стои во соопштението. Во овој контекст била потенцирана потребата Киев да се придржува кон своите обврски во политичките аспекти на оваа спогодба. 


Пред сè, тоа се однесува на спроведување на законот за специјален статус на Донбас, соопшти Кремљ. Во телефонски разговор, Путин го известил Макрон за предавањето на три бродови на украинските претставници во Црното Море, кои биле задржани поради провокации во Керч, на 25.11.2018-та година, се вели во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг