20 години сите ги мачи истото прашање за „Титаник“! Селин Дион конечно проговоре и ја реши вечната дилема

Точка

18/11/2019

19:01

17.312

Големина на фонт

а а а

Во популарниот филм „Титаник“ кој е снимен во 1997-та година, сцената во која Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет “пловат“ во водата откако бродот потона го произведе најголемото прашање на кое сега одговори Селин Дион.

Сите кои го гледале тој филм отсекогаш се прашувале зошто Џек не успеал да легне покрај Роуз на вратата која пловела во водата среде океанот и така и тој би преживеал.

Селин гостувала во емисијата на Џими Фалон каде што тој ѝ поставил прашање кое веќе 20 години ги мачи сите.


„Немој да ме ставаш во непријатна ситуација. Што доколку планираат да снимат и продолжение на филмот?“ - изјавила пејачката низ насмевка.

„Прво, доколку малку поблиску ја погледнете ситуацијата, Роуз е можеби мртва или пак целосно смрзната и не е целосно свесна за ситуацијата. Второ, него не му треба покана за да се качи горе“ - рекла таа.

Бидејќи на оваа тема со години се полемизира, неколку пати го прашале и режисерот Џејмс Камерон зошто Џек останал во ледениот океан.


„Мислам дека навистина е смешно да се води оваа дискусија 20 години подоцна иако тоа покажува дека филмот бил и тоа како влијателен затоа што сите беа повредени кога Џек почина“ - изјавил Камерон.

„Да преживееше, филмот немаше да има смисла. Сепак тука станува збор за смртта и раздвојувањето. Мораше да почине“ - заклучил тој. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг