Вечерал во ресторан, а потоа во устата почувствувал нешто тврдо: Кога плукнал и видел што е не можел да поверува

Точка

18/11/2019

18:15

6.671

Големина на фонт

а а а

Шансите за да се случи ова се многу мали, но среќници сепак постојат. Исклучително ретко откритие кое неодамна овој пар во ресторан во Њу Џерси го пронашле додека вечерале школки.

Антон и Шерли Шермер биле на вечера кога Антон почувствувал нешто тврдо во устата.

Набрзо го исфрлил тоа и видел дека станува збор за мал бисер.

Кевин Џозеф, работник во фирмата “Empire Oyster“ кој носи школки во ресторанот рекол дека тоа е многу редок пронајдок особено за видот школки кој ги јадел Антон, а кои биле донесени од Вашингтон.

Додал дека во околу сто илјади школки кои му поминале низ рацете никогаш не пронашол бисер.

„Иако е ретко, сум слушнал за бисери кои се пронајдени во школките од голфската топла струја, но никогаш во оние од студената вода. Тоа се случува еднаш во животот“ - заклучил Џозеф за „New York Post“.

Од ресторанот потврдиле дек парот им го поклониле бисерот и дека имаат намера да го стават во рамка и да го стават на ѕид во ресторан. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг