Дали и вие пишувате со лева рака? Некои од левораките жени имаат една биолошка абнормалност која би можела да го промени начинот на кој го користат сетилото за мирис.
Некои од левораките луѓе имаат нормално сетило за мирис како и сите други луѓе без оглед на тоа што на нивниот мозок му недостасува еден дел кој се смета за неопходен за сетилото за мирис - мирисниот булбус.
Тој недостаток иначе е познат по тоа што може да предизвика губење на сетилото за мирис.
Тоа што меѓутоа е чудно е тоа што овој феномен воглавно ги погодува жените кои пишуваат со лева рака и никогаш досега не е забележан кај мажите.
Се докажало дека 4 отсто од жените кои имаат мали рецептори за мирис, без оглед на тоа имаат добри способности за мирисање - тоа е тоа што е најнеобично.
Другиот одговор зошто толку добро го чувствуваат мирисот и покрај тоа што го имаат овој недостаток има врска со способноста на мозокот да го адаптира мирисот. Едноставно кажано, кога детето ќе се роди без рецептори за мирис веројатно е дека мозокот ќе ја преземе таа одговорност.