Добри вести за Интер: Санчез успешно се опоравува

Точка

18/11/2019

15:42

1.145

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Интер, Алексис Санчез успешно се опоравува од повредата на глуждот и би можел да се врати на терените пред јануари, изјави тимскиот лекар Пјеро Волпи.

Санчез се повреди за време на репрезентативната пауза минатиот месец, а набрзо после повредата беше опериран. Се предвидуваше повеќемесечна пауза, меѓутоа се чини дека Чилеанецот се опоравува побрзо од очекуваното.

„Повредата бара секој чекор да се следи со внимание, но засега се оди како што треба“, изјави Волпи и додаде:

„Максимално го почитуваме распоредот. И натаму е во план да се врати на терените во јануари, но тоа би можело да се случи и порано. Ќе видиме каква е биде ситуацијата после Божиќ. Уште нема почнато да работи со топка, но тоа би требало да се случи наскоро“, изјави Волпи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг