Каталонците не го продаваат Ракитиќ за 15 милиони евра

Точка

18/11/2019

15:35

1.340

Големина на фонт

а а а

Како што пренесува шпански „АС“, од управата на Барселона ја одбиле понудата од 15 милиони евра за услугите на Иван Ракитиќ која ја добиле од клуб од Премиер лигата.

Хрватскиот фудбалер во неколку наврати порача дека не е задоволен од статусот кој го има во Барселона, односно од малата минутажа која ја добива од тренерот Ернесто Валверде.

Се шпекулира дека Ракитиќ би можел да го напушти „Камп Ноу“ веќе во јануари, а за неговите услуги се заинтересирани неколку клубови.

Според шпанските медиуми, Каталонците неодамна добиле понуда од клуб од Премиер лигата вредна 15 милиони евра. Истата веднаш била одбиена, затоа што од Барселона наводно не планирале да го продадат својот фудбалер за сума помала од 35 милиони евра.

За услугите на Ракитиќ исто така се заинтересирани и италијанските клубови Интер и Јувентус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг