Матија Вукоја е голем љубител на стари работи и, како што вели, жал му е да фрли било што, па се одлучил да преуреди една стара "буба".
Кафулиња во регионот и во Хрватска има се повеќе, па секој сопственик мора да смисли начин да се разликува од останатите. Така тие најпрво се одлучуваат за необичен ентериер, па во Хрватска има бар по име HangLoose, а во кој едно сепаре е направено од стар автомобил.
Имено, Матија Вукоја е голем љубител на стари работи и, како што вели, жал му е да фрли било што, па одлучил да преуреди една стара "буба".
"Многу работи правиме со автомобили, но и музика и танц и разни проекти и фестивали. Уште неколку сепареа се во изработка. Голем љубител сум на стари автомобили, меѓу нив и Volkswagen, така што некои преработив и реставрирав. Секој љубител на стари работи ќе ви каже дека му е жал да фрли било што, бидејќи еден ден ќе му притребаат, а така беше и со оваа буба", рекол тој за Telegraf.rs.
Како што навел, предниот крај на автомобилот е сосема уништен, но некои нејзините делови можеле да се искористат.
"Менувачот и денес менува брзини во нашата преработена буба која се вози секој ден, а сепарето секој ден ги радува гостите во барот во Винковци, посебно децата", навел тој.
Погледнете ги фотографиите од ова сепаре:
Фото: Матија Вукоја