Медиумите во Англија пренесуваат дека Манчестер Јунајтед во јануари ќе се обиде да донесе напаѓач кој игра во Чампионшип лигата.
Станува збор за младиот, 19 годишен фудбалер на Рединг, Дени Лоудер кој е и репрезентативец на Англија во младинските категории.
Договорот на Лоудер со Рединг истекува по крајот на оваа сезона, па „ѓаволите“ ќе може да го добијат играчот по прифатлива цена овој јануари.
Лоудер оваа сезона има само четири настапи во дресот на Рединг, и тоа сите дошле од клупата за резервни фудбалери. Засега фудбалерот нема постигнато ниту еден гол во Чемпионшип, додека во у23 тимот, на два натпревари веќе постигнал три погодоци.
Јасно е дека тој веднаш ќе биде префрлен во вториот тим на Манчестер Јунајтед, и ќе чека шанса за настап најпрво во куп натпреварите.