Вашата омилена секс поза го открива карактерот на вашата врска или брак

Точка

18/11/2019

14:23

4.286

Големина на фонт

а а а

Омилената поза открива многу за врската, па така паровите кои ја практикуваат позата “каубојка” сакаат да експериментираат, додека позата наречена “лажица” ја сакаат оние на кои најважна им е интимноста.

Еве што зборува омилената секс поза за вас и вашата врска: 

Мисионерска поза

Динамиката во креветот открива многу за самата врска. Паровите кои ја практикуваат мисионерската поза веќе долго време се заедно и речиси едни со други си ги завршуваат речениците. Нивниот брак е стабилен и поседуваат рутина, но не им смета бидејќи во таквиот однос се чувствуваат удобно и сигурно. Нивните чувства со текот на времето се продлабочуваат, но малку разновидност во креветот на никој не му штети, вели американската експертка за врски и секс, Ники Ренсом-Алфред.

Жената горе

Позата во која жената е горе е знак дека ваквите парови знаат да се забавуваат. Тие се самоуверени, сакаат да експериментираат и да ја истражуваат сопствената сексуалност. Не се срамат и сами да се погрижат за своето уживање.


Врската им се темели на компромис и доверба, а секој од партнерите се труди околу решавање на проблемите, тврди основачката на порталот за љубов и романтика “My Secret Luxury”, Стејси Рибчин.

На колк

Позата во која и двајцата партнери лежат на колк, со тоа што мажот е зад жената, е поза која овозможува посебна интимност. Паровите кои уживаат во позата наречена “лажица” се грижливи и лојални, а најмногу од сè копнеат за постојан емоционален и физички контакт. Тие одлично се разбираат, особено на емотивно ниво.


Локации, локации...

Под туш, во автомобил, на кујнската работна маса... овие партнери го користат секој слободен момент за врел секс. Нивната врска е динамична, страствена и пред сè спонтана.

Кучешка поза

Паровите кои уживаат во т.н. “doggy style” (кучешка поза) имаат забавна врска која е полна со авантуристички моменти. Тие се искрени и отворени во сексот, но и на сите полиња во животот. Партнерите се сигурни во својата сексуалност и не се срамат од своето тело поради што без заддршка уживаат во креветот. Не им се непознати ни жешките игри со кои настојуваат да го зачинат својот сексуален живот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг