Американските морнари после 15 години проговорија за нивната средба со НЛО: Сите снимки моравме да им ги предадеме на непознати луѓе

Точка

18/11/2019

14:11

4.673

Големина на фонт

а а а

Пет лица кои служеле во американската морнарица изјавија дека биле сведоци на мистериозни летечки објекти кои ги ометале борбените авиони во близина на брегот на јужна Калифорнија во 2004-та година.

Гери Ворхис, Џејсон Тарнер, Патрик Хјуз, Рајан Вајглт и Кевин Деј велат дека биле дел од американската морнарица кога носач на авиони од класата „Нимиц“ имал средба со НЛО во ноември 2004-та година, пренесува „Дејли Мејл“.

Претходно таа мистериозна средба била регистрирана само на црно-белиот запис кој го снимил еден борбен авион откако морнарицата забележала „неидентификуван воздушен феномен“. Покрај тоа, постоел и исказ на очевидец, односно еден од пилотите на авионот.

Тие сега одлучија да излезат во јавноста со свои тврдења за да го поддржат Дејвид Фревор и своите останати колеги од морнарицата.

Ворхис кој бил на „Принстон“, а бил дел борбената група предводена од страна на носач на авиони од класата „Нимиц“, изјавил дека слушнал дека радарските техничари добиваат „траги на духови“. Тој помислил дека станува збор за грешка, па модерниот софтвер повторно бил калибриран, но набрзо потоа трагите биле дури и уште појасни.

Деј бил задолжен за надгледување на воздушниот простор и заштита на формацијата на воени бродови предводени од носачот на авиони. Тој изјавил дека на 10-ти ноември забележал некои чудни појави на радарот во близина на островот Сан Клемент. Ворхис се надоврзува и вели дека користел напредни системи на бродот за да ги погледне објектите кои се појавувале на радарот.

„Не можев многу да ги разберам деталите, но тие само лебдеа таму, а потоа во еден момент ќе се спуштеа во друг правец и повторно ќе застанеа“, изјавил тој, пренесува “Popular Mechanics”.

На 14-ти ноември била закажана вежба на воздушната одбрана, па пилотот Фревор бил испратен да ги истражи објектите. Според него, објектите имале облик на издолжено јајце и за малку ќе се судреле со борбените авиони. Фревор и копилотот потоа се вратиле на носачот на авионите, а поручникот Чед Андервуд на следниот лет успеал да ги сними објектите.


Откако радарските системи на бродот и авионот автоматски ги сочувале податоците за регистрираните објекти Патрик Хујз вели дека во контролните соби пристигнал командант со две непознати лица.

„Тие не беа на бродот и не видов како пристигнале. Не сум сигурен како пристигнале. Ги ставивме податоците во торби, командантот со двете лица ги зеде и си заминаа“, раскажува Хјуз.


Гери Ворхис од бродот „Принстон“ изјавил дека пилотите во 2004-та година веднаш после случајот со НЛО, морале да ги предадат податоците на две лица, а потоа сите податоци биле избришани од авионите и бродот.

„Двајца се појавија со хеликоптер, што не беше невообичаено, но набрзо откако пристигнаа, моите надредени ми рекоа да ги префрлам сите снимки на податоците. Исто така, ми рекоа да избришам се што е останато, вклучувајќи ги и празните ленти“, раскажува Ворхис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг