Снимка од Хоакин Феникс, додека се подготвува за снимање на сега веќе култната сцена од танцот на скалите во филмот Џокер, неодамна била објавена на социјалните мрежи.
Видеото од снимањето на сцената со танцот, од филмот на Тод Филипс, ја направил жител на Њујорк, кој очигледно живее во зградата до сега веќе прилично препознатливите скали.
Видеото, кое за кратко време се проширило на социјалните мрежи, досега, на различни платоформи, го погледнале повеќе од три милиони луѓе.
Како изгледала пробата на Хоакин Феникс во споредба со филмот, погледнете во видеото.