Засадени нови јапонски цреши во центарот на Скопје: Шилегов порача дека не се сечат дрвја за да се градат згради!

Точка

18/11/2019

14:37

2.131

Големина на фонт

а а а

Денес на улицата „Максим Горки“ во центарот на главниот град беа засадени нови јапонски цреши, откако стариот дрворед беше исечен поради старост и болест на дрвјата.

Според градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, јапонските цреши биле заболени и стари, па морало да бидат исечени и на нивно место да бидат засадени нови.

Градоначалникот ја обвини поранешната власт за негрижа на црешите кои биле заболени од 2017-та година и според него, и покрај сите обиди да бидат спасени дрвјата, сепак морало да биде донесена одлука за нивно сечење.

Како што изјави Шилегов, улицата „Максим Горки“ ќе го има препознатливиот дрворед и во следните 30 години и нагласи дека за разлика од претходната власт, сега не се сечат дрвја за да се градат згради.

18-те новозасадени дрвја во центарот на Скопје, градските власти ги обезбедија од донација во соработка со Европската банка за обнова и развој. Исто така, најавено е засадување на вакви дрвја и во останатите делови од Општина Центар во рамките на програмата за зазеленување на Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг