Еден од најдобрите играчи на Болоња, Никола Сансоне изјави дека би му била огромна чест да игра заедно со Златан Ибрахимовиќ.
Шведскиот фудбалер се поврзува со враќање во Серија А, а во моменотв за него има интерес од Милан и Болоња.
Се уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата, но едно е јасно, шпекулациите за преминот во Болоња се повеќе се зголемуваат.
– Ибрахимовиќ? Искрено верувам дека Ибра е феномен. Нашиот претседателможе да си го дозволи, но не знам дали е заинтересиран. Но, ако Ибра дојде овде, со него ќе напреднат сите фудбалери и ќе бидеме во можност да учиме на тренинзите покрај Ибра, - изјави 28 годишниот напаѓач.