Бундеслигашите го одбија, Хрватот се двоуми: Топ фудбал уште некоја сезона или арапски милиони?

Дерби

18/11/2019

12:45

1.555

Големина на фонт

а а а

Марио Манџукиќ ги брои последните денови како фудбалер на Јувентус. Хрватскиот напаѓач во јануари сигурно ќе има нов клуб, но се уште не е позната дестинацијата каде ќе ја продолжи кариерата.

Хрватот наводно изразил желба за враќање во Германија, меѓутоа и Борусија Дортмунд и Баерн Минхен не сакале да го ангажираат 33 годишниот напаѓач.

Јасно е дека Манчестер Јунајтед подолг период се распрашува за него и би можел да биде следна дестинација на Манџукиќ само ако напаѓачот се согласи драстично да му се намали платата.

Во спротивно, тој ќе ја прифати понудата која ја има од Катар и каде би требало да заработува милиони. Во оваа арапска земја, Манџукиќ би имал поголема плата и од таа која ја заработува во Јувентус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг