Силните врнежи од снег минатите денови предизвикале драматични ситуации во делови на Австрија, пред се во покраините Корушка, Салцбург и Тирол, кои сега се соочени со одрони и поплави.
Во текот на ноќта се случиле драматични сцени во Бад Гастајн, каде одроните по полноќ целосно уништиле две куќи.
Во двете куќи имало по една жена, а и двете била спасени по неколку часа.
Во местото Вајстенфелд реката Гурк го достигнала 30-годишното ниво, поради што делови од гратчето биле евакуирани, односно жителите во 15 куќи морале да го напуштат својот дом.
Бројни патишта морале да бидат затворени поради одроните предизвикани по големите снежни врнежи.
Во регионите Лунгау и Понгау повеќе општини во неделата издале предупредување до жителите да е ги напуштаат своите станови, а во Бад Хофгастајн на граѓаните им било кажано да се задржуваат само на повисоките катови.
Во Корушка реката Кандлахербах се излеала преку коритото, па населението во близина било евакуирано.
Сите училиште во општината Спитал ан дер Драу, како и образовниот центар во Хармагор биле затворени.