Абидал без влакна на јазикот: На Ракитиќ на време му кажав дека е отпишан, ако не разбрал…

Дерби

18/11/2019

12:07

2.267

Големина на фонт

а а а

Ерик Абидал деновиве е во центарот на вниманието во Шпанија поради исцрпните одговори на најразлични прашања поврзани со клубот.

Еден од раководните лица на Барселона во едно интервју даде одговор за ситуацијата на Иван Ракитиќ во клубот.

Абидал без влакна на јазикот потврди дека му кажал на Ракитиќ дека не сметаат на него уште во летниот преоден рок и посочи дека ако тој не го разбрал тоа, подготвен е повторно да му го каже истото.

– Како прво, на Ракитиќ на време му кажавме дека повеќе не сметаме на него. Му објаснивме дека тоа е стратешка одлука на клубот која мора да ја разбере. Мислев дека тогаш разбра што му зборувам, но ако не разбрал, повторно ќе му кажам. Некоректно од него е одговорноста за својот статус да ја префрла на Валверде затоа што за тоа што му се случува сам презеде одговорност и ризик уште летоска, кога му кажавме дека може да си оди, а тој не го направи тоа. Сега мора да го прифати она што се случува затоа шот знаеше дека токму тоа следи, - изјави Ерик Абидал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг