Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Најсилни до сега од оваа серија биле земјотресите од вчера во 15 часот и 40 минути и земјотресот денеска во 7 часот и 41 минута. Првиот бил со јачина од 3,3 според Рихтерова скала, додека вториот со магнитуда 3.
Овие два земјотреса биле почувствувани со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала во околината на пограничниот премин Меџитлија, додека во Битола и околината со интензитет од III-IV степени според истата скала.