Карим Бензема го привлече вниманието на светската фудбалска јавност со одговорот до претседателот на Француската фудбалска федерација по кој побара да му биде дозволено да игра за друга репрезентација.
Бензема има корени од Алжир и доколку не играше за Франција, ќе можеше слободно да игра за оваа селекција. Сега, поради правилата на ФИФА тој не може да заигра за Алжир, а и да можеше се чини дека ќе добиеше „корпа“ од тамошниот селектор.
Имено, Џамел Белмади истакна дека не му требаат нови играчи во нападот затоа што тој е среќен со актуелниот состав кој го има.
– Ги имам Бундежах, Ислам Слимани, Делор и Судани. Многу сум среќен со фудбалерите кои ги имам на располагање и не ми требаат нови играчи во нападот, -истакна Белмади за „ДЗ Фут“ јасно нагласувајќи дека во неговата селекција нема место за Карим Бензема.