Жестоки обвинувања помеѓу Турците и Курдите: Кој ги ослободува џихадистите на Исламската држава?

Точка

18/11/2019

12:10

1.421

Големина на фонт

а а а

Турција ги обвини курдските единици дека ослободиле над 800 припадници на Исламската држава во Сирија.

„Турција е единствениот партнер на НАТО Алијансата и меѓународната коалиција во борба против Исламската држава која неутрализираше повеќе од 4 илјади членови на терористичката организација во Ирак и Сирија“, стои во соопштението на турското Министерство за одбрана.

Како што пренесува „ТАСС“, Турците ги обвинуваат Курдите дека се виновни за ослободувањето на џихадистите во Сирија.


„Од друга страна, Курдистанската работничка партија ослободи 800 затвореници само во Тел Абиџад“, порачаа од турското Министерство за одбрана.

Сепак, откако турската армија ја изврши агресијата на североистокот на Сирија, се чини дека реалноста е малку поинаква. Според извештаите на руските и западните медиуми, хаосот кој настанал по навлегувањето на турската армија која имаше за цел да се пресмета со Курдите, им овозможил на џихадистите да побегнат од затворите.

Припадниците на Исламската држава беа заробени токму од Курдите, односно од Сириските демократски сили предводени од курдските борци кои најпрвин ги поразија џихадистите, а потоа и ги заробија.


Според Курдите, гранатирањето и оштетувањето на затворите од страна на турската армија резултирало со бегство на џихадистите од затворите.

Според последните проценки, во тоа подрачје се заробени околу 11 илјади припадници на Исламската држава, вклучувајќи 9 илјади Сиријци и Ирачани, како и околу 2 илјади џихадисти од над 50 земји ширум светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг