Боливија под голема блокада: Отсечените градови остануваат без залихи на храна, а бројот на загинати расте

Точка

18/11/2019

11:58

1.266

Големина на фонт

а а а

Боливиските власти со хеликоптер испратија основни прехрамбени продукти во главниот град Ла Паз додека земјата се соочува со недостиг на храна и гориво, пренесува британски „БиБиСи“.

Со оглед на тоа што поддржувачите на поранешниот претседател Ево Моралес ги блокираа главните автопати во државата, власта одлучила на ваков начин да ги заобиколи и да ја достави храната во Ла Паз.

Покрај тоа, голем воен товарен авион „Херкулес“ слетал во Ла Паз, носејќи месни производи, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.


Исто така, воспоставен бил таканаречен „воздушен мост“ со Ла Паз и се очекува слична комуникација и со другите големи боливиски градови кои поради блокадата на патиштата се отсечени и не можат да бидат снабдени со храна и други намирници.

Сега веќе поранешниот претседател Ево Моралес, поднесе оставка на 10-ти ноември и побегна во Мексико. Во Боливија го обвинуваат за изборна измама и токму поради тоа избија масовните протести поради кои на крајот тој беше приморан да се повлече од функцијата.


Најмалку 23 лица загинаа во политичките немир во оваа јужноамериканска држава на кои не им се гледа крајот.

На власт стапи привремено самопрогласената претседателка Жанин Анес, меѓутоа протестите на поддржувачите на Моралес продолжуваат ширум државата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг