Севернокорејските власти денес соопштија дека нивниот лидер Ким Јонг Ун ја надгледувал падобранската вежба на воените снајперисти и ветил изградба на непобедлива армија.
Ким Јонг Ун со тоа продолжи да им пркоси на САД и Јужна Кореја, иако од Вашингтон и Сеул синоќа соопштија дека ја одложуваат планираната воена вежба со цел да создадат простор за дијалог со Северна Кореја околу нивната нуклеарна програма.
Соопштението на Пјонгјанг следуваше неколку часа откако претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер го повика Ким Јонг Ун „брзо да делува“ и да постигне договор, најавувајќи ја нивната идна средба со зборовите „се гледаме наскоро“.
в
Сепак, севернокорејските власти меѓу другото нагласија дека биле изведени две воени вежби само во последните три дена.
Од Пјонгјанг во саботата соопштија дека лидерот Ким Јонг Ун ги повикал пилотите да се подготват за непријателите кои се „вооружени до заби“.