Абидал директно посочи зошто Нејмар секогаш ќе биде опција за Барселона

Дерби

18/11/2019

10:18

1.066

Големина на фонт

а а а

Еден од главните оперативци на Барселона, Ерик Абидал имаше опширно интервју во кое говореше на многу актуелни и интересни теми поврзани со шпанскиот шампион, а меѓу другото стана збор и за Нејмар.

Бразилецот минатово лето се поврзуваше со враќање на „Камп Ноу“, но на крајот тој трансфер не се реализираше и напаѓачот остана во Пари Сен Жермен. Ама таа приказна не е завршена и тоа може лесно да се заклучи по изјавата на Абидал кој директно истакна и објасни зошто Нејмар секогаш е опција која е интересна за нив.

- Играч кој ја има филозофија на Барса и кој настапува на високо ниво, секогаш ќе биде опција. Оттука, на спортско ниво можеме да донесуваме одлуки, но целото финансиско прашање, има работи што можете да ги достигнете и други што не можете. Иднината ќе покаже. Ако продолжи на ова ниво, бидејќи сезоната е многу долга, јас нема да кажам дека ќе биде опција број 1, но може да биде јасна опција, - рече Абидал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг