Вучиќ излезе од болница, се чувствува подобро

Макфакс

18/11/2019

09:06

1.368

Големина на фонт

а а а

Здравствената состојба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ е стабилна и тој е пуштен дома, по неколкудневното лекување на Воено медицинската академија (ВМА), јавува РТС.

Вучиќ претходно најави дека денеска ќе се врати на работните обврски. Тој во болница беше примен поради проблеми со срцето. Министерот за здравство, Златибор Лончар вчера изјави дека српскиот претседател има хронични, помали проблеми со срцето, но дека во петокот неговата здравствена состојба се влошила кога решил да се обрати до лекарите и дека по приемот на ВМА е проценето дека претседателот на Србија е животно загрозен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг