Полицаец во Хонгконг ранет со стрела: Демонстрантите го погодиле во нога

Макфакс

17/11/2019

17:18

3.065

Големина на фонт

а а а

Еден полицаец во Хонгконг денес е ранет со стрела за време на судирите меѓу демонстрантите и полицијата.

Ранетиот полицаец бил распореден во кварт во близина на Политехничкиот универзитет. 

Полицијата објавила фотографии од својот припадник кој со стрела бил ранет во нога.

Во Хонгконг е забележан пораст на насилствата минатите седмици со интензивни улични судири на полицијата и демонстрантите, како и на судирите на универзитетите.

Антивладините протести влегле во шестиот месец.




Спонзорирани линкови

Маркетинг