Што да прави американската гордост кога ќе пука руската ПВО: Вака американските пилоти вежбале одбрана од S-400

Точка

17/11/2019

15:14

6.521

Големина на фонт

а а а

Израелската авијација заедно со сојузниците од САД и Европа одработила задача за борба против рускиот ракетен систем S-400 на воените игри "Сино знаме" одржани на аеродромот Увда, соопштил порталот "Breaking Defence".

Во маневрите учествувале американски, германски, италијански и грчки пилоти, а користени биле неколку израелски ловци од петтата генерација F-35I и F-16I, како и повеќе од 30 бомбардери на други земји. 

Меѓу нив биле и F-35, F-16 и "Eurofighter".

Ловците вежбале воздушна битка и авион-напади на системот за одбрана S-400, кој бил имитиран од американскиот комплекс MIM-104.

Вежбите се одржале во близина на зоната на борбени дејствија во појасот Газа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг