Дали е ова најубавиот мост во Европа? Му се восхитувал и Гете, а туристите го посетуваат веќе 200 години

Точка

16/11/2019

18:12

8.306

Големина на фонт

а а а

Овој мост, луѓето го посетуваат скоро два века, а му се воодушевувале и големи умови како Гете.

Бастеи е место кое веќе 200 години привлекува туристи од целиот свет. Станува збор за простор со воодушевувачки варовнички карпи кои ги формирале ветровите и водата во текот на илјадници години. Тие се издигнуваат и до 300 метри над реката Елба во овој германски национален парк, недалеку од Ратен и Дрезден. 

Најдобар поглед кон магичната околина пружа мостот Бастеи, кој ги поврзува карпите, а истиот датира од 1824 година. Прво бил изграден дрвен мост, но поради големиот број на посетители, 30 години подоцна односно во 1851 година бил заменет со поиздржлива камена варијанта.

Мостот Бастеи се протега на 76,5 метри должина, опфаќа седум лакови, а висок е околу 198 метри. Мостот е отворен за посетители во текот на целата година, а до него водат 487 скали.

За популарноста на Бастеи придонеле бројни уметници како Јохан Волфганг Гете, кој уште на почетокот на 19-тиот век пишувал за магичните глетки кои се пружаат од ова место, но и славните режисери кои го овековечиле на филмови како што се “The Chronicles of Narnia” и “Grand Budapest Hotel”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг