Во Лондон отворен првиот музеј на вагината во светот

Точка

16/11/2019

17:58

7.302

Големина на фонт

а а а

Првиот светски музеј на вагината е отворен во Лондон, а истиот има за цел да едуцира и да го сврти вниманието кон здравјето на вагината и да се бори против стигмата.

Ѕидовите на музејот се исполнети со илустрации од женски гениталии, а посетителите на истиот можат да посетат изложби и да учествуваат во работилници и стенд-ап настапи, каде централна тема ќе биде секако – вагината. 


Музејот е отворен благодарение на акција во која биле собрани 50.000 фунти. Директорката Флоренс Шехтер вели дека нејзината мотивација била едноставна:

“Во 2017 година открив дека на Исланд постои музеј на пенисот, но никаде во светот нема музеј посветен на вагината, па затоа одлучив да го отворам”, вели таа.


Вели дека целта на музејот е “да ги елиминира стигмите кои ја опкружуваат гинеколошката анатомија, без разлика на нечиј пол, раса или сексуална определба”.

Првата изложба која ќе трае до крајот на февруари се нарекува “Muff Busters: Митови за вагината и како да се борите против нив”, а истата се однесува на заблудите во гинеколошката анатомија, вклучувајќи ја хигиената, изгледот на вагината, менструацијата, сексот и контрацепцијата.

Сара Крид, кустос на изложбата открила резултати од една анкета која ја шокирале.


“Не можев да поверувам дека половина од анкетираните луѓе не знаеле каде се наоѓа вагината. Мислам дека тоа е работа која сите ја знаат. Исто така, ме шокираше податокот дека една од пет возрасни жени смета дека мора да го отстрани тампонот за да може да уринира”, вели Крид.


Музејот на вагината остварил соработка со Кралскиот колеџ за гинекологија и акушерство за да ги охрабри жените да разговараат за табуата кои постојат за женското здравје. Во музејската програма се вклучени и предавања за сигурниот секс, различни едукации за врските, а планирана е и соработка со доктори и медицински експерти кои им пружаат помош на транс и интерсекс лицата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг