На 16-от роденден ги изрешетал другарите: Пукањето траело само неколку секунди, а потоа и самиот си пресудил

Точка

16/11/2019

16:45

4.283

Големина на фонт

а а а

Шерифот на полицијата во Лос Анџелес, Алекс Вилијан, изјавил дека Натанијел Берхау, кој во четвртокот наутро усмртил две и ранил уште три лица во средното училиште во Санта Кларита, починал откако после крвопролевањето си пукал во главата.

Полицијата и понатаму го истражува мотивот зошто Берхау пукал во другарите, и тоа на својот 16-ти роденден.

„Пукањето траеше 16 секунди. Полицијата на лице место беше за две минути. Уште го истражуваме мотивот за пукањето“, рекол Вилијан.

Берхау пукал во 7:38, пред почетокот на часовите. Полицијата ги истражува и пишувањата на медиумите дека некој ги менувал содржините на профилите на социјалните мрежи кои му припаѓале на убиецот, што укажува на можноста Берху да имал соучесник.




Спонзорирани линкови

Маркетинг