Виолетовата е дефинитивно нејзината боја: Кејт Мидлтон во никогаш подобро издание

Точка

16/11/2019

15:57

2.683

Големина на фонт

а а а

Војвотката од Кембриџ одлучила да ги замени монотоните комбинации со оние малку повесели.

37-годишната Кејт Мидлтон и овојпат изгледала одлично како и секогаш, но наместо посмирени тонови, се одлучила за оние малку повпечатливите. 

Мидлтон се појавила на отворањето на една детска клиника и за таа прилика избрала здолниште со А крој и сако во виолетова боја. Со оглед дека сме навикнати да ја гледаме во гардероба во која преовладуваат сивите тонови, оваа промена ги воодушеви модните критичари ширум светот.


Многумина се сложуваат дека впечатливите и светли нијанси одлично ѝ прилегаат и дека војвотката треба почесто да ги носи.


Иако излегла од својата рутина кога се во прашање боите на облеката, кројот на сакото и здолништето се одликувале со формалност која ја налага нејзината кралска титула.

А насмевката на нејзиното лице оддава колку Мидлтон уживала во оваа посета...




Спонзорирани линкови

Маркетинг