Бејби од „Dirty Dancing“ денес е непрепознатлива - операцијата ѝ ја уништила светската кариера

Точка

16/11/2019

15:03

9.904

Големина на фонт

а а а

Џенифер Греј својата светска слава ја стекнала во далечната 1987 година играјќи го легендарниот лик на Бејби во филмот “Dirty Dancing“.

Тогаш сите беа импресионирани од љубовната приказна на тинејџерката и нејзиниот инструктор по танц кој го глумеше Патрик Свeјзи, но набрзо потоа Џенифер како да исчезна.

Во 1989-та година актерката отишла на две пластични операции со кои го намалувала носот, а тоа како што се покажало имало лошо влијание на нејзината кариера.

Неправилниот нос бил нејзиниот заштитен знак кој ја разликувал од сите останати актерки. По операцијата толку многу се променила што дури ни нејзините блиски пријатели не можеле да ја препознаат.

„Влегов во операционата сала како популарна личност, а излегов како анонимец. Тоа беше исто како да станав невидлива“ - признала актерката во некое интервју.

Изгледот толку многу ѝ се сменил што актерката од А-листа дошла до тој степен што не добивала никакви улоги. Таа за операцијата вели дека сега многу жали поради тоа што ја направила.

„Секогаш ќе бидам онаа некогашна славна актерка која повеќе никој не ја препознава. Сè поради операцијата на носот“ - изјавила таа.

Некое време таа размислувала дури и да го промени своето име и да ја започне кариерата од нула, но набрзо се откажала од тоа.

Таа започнала своја сопствена хумористична серија “ It's Like, You Know“ во која толкувала улога на пропадната холивудска актерка, но серијата “згаснала“ по 19 снимени епизоди.

Во 1987-та година била во автомобил со тогашното нејзино момче кога доживеале тешка сообраќајна несреќа. Двете жени кои биле во другиот автомобил починале, а Џенифер потоа цело време имала грижа на совест. Подоцна признала дека после тоа нејзината амбиција никогаш повеќе не била иста.

Во подоцнежната кариера таа глумела и во телевизиските филмови, а се појавила и во серијата “Пријатели“ и во “Вовед во анатомија“, но повеќето од луѓето не ја ни препознале.

Од 2001-та година е во брак со режисерот и актер Кларк Грег со кој има ќерка Стела.  



Спонзорирани линкови

Маркетинг