Ули Хенес со солзи во очите си замина од Баерн, германскиот гигант има нов претседател

Дерби

16/11/2019

13:45

3.791

Големина на фонт

а а а

Легендарниот Ули Хенес и официјално си замина од челната позиција во Баерн Минхен после долги години поминати во клубот.

Хенес кој најпрво беше играч на „баварците“ во два наврати беше претседател на Баерн Минхен и тоа од 2009 до 2014 година и од 2016 година па до денес.

Сега нов претседател на Баерн Минхен е 65 годишниот поранешен шеф на Адидас, Херберт Хајнер. Хајнер беше избран за нов претседател на редовното собрание наклубот со 79 гласови За и 39 воздржани што беше доволно да седне на претседателската фотелја на клубот.

Инаку, Ули Хенес цели 40 години беше дел од Баерн Минхен, па токму затоа разделбата му падна тешко па пушти и солзи во неговиот емотивен говор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг