Турците со порака до Американците: Не го купивме „С-400“ за да не го користиме...

Точка

16/11/2019

18:43

8.993

Големина на фонт

а а а

Турција неодамна од Русија го купи против-воздушниот ракетен систем „С-400“, а поради таквиот потег на Анкара се влошија односите со САД.

Шефот на турската дирекција за одбранбена индустрија денес проговори во врска со против-воздушниот систем поради кои САД и Турција, двете земји сојузнички од НАТО Алијансата драстично ги влошија односите.

„Не е логично било која земја да купува такви системи само за да ги остави на страна“, изјави во интервјуто за „СиЕнЕн“ шефот на турската дирекција за одбранбена индустрија, Исмаил Демир.


Тој меѓу другото порача дека сега американските и турските власти ќе работат на решавањето на тој „проблем“.

Демир меѓу другото рече дека руски инженери и војници нема да пристигнат во Турција за да управуваат со моќниот против-ракетен систем.

Претседателот на САД, Доналд Трамп и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган во средата во Вашингтон разговараа за надминувањето на разликите помеѓу двете земји во врска со купувањето на руското оружје, но и за политиката кон Сирија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг