На прекрасната Венеција ѝ се заканува катастрофа: Ова се причините поради кои градот може да потоне...

Точка

16/11/2019

12:20

3.419

Големина на фонт

а а а

Еден од најубавите италијански градови е погоден од големи поплави, а пред неколку дена беше измерен рекорден раст на нивото на водата од 187 сантиметри. Со ова во најубавиот град на Јадранот беше надмината страшната плима од 1966-та година.

Плимата од 140 сантиметри и повеќе во Италија ја нарекуваат „аква алта“ и најчесто „пристигнува“ на зима кога има бројни бури на Медитеранот. Оваа историска поплава која потопи големи делови од популарниот туристички град делумно е последица на невообичаено силното невреме во средиштето на Тиренското море.

Силните ветрови кои го погодија северниот дел на Јадранот во Италија ги нарекуваат „сироко“, а карактеристично за нив е што дуваат од северот на Африка преку Средоземното море, за на крајот да стигнат до Јадранското море.


Со оглед на тоа што Јадранското море е издолжено, релативно тесно и правоаголно, неговиот облик може да ги зголеми осцилациите на морето од едната страна кон другата. Ветровите најчесто го „туркаат“ морето кон северозапоад, а токму таму е сместена Венеција.

Во минатото, плимите кои се доволно високи за да го поплават градот биле релативно ретки, односно се случувале на секои 20 до 30 години. Меѓутоа, поради климатските промени, сега тие се случуваат се почесто, односно на секои пет години или и уште почесто од тоа.

Од 10-те најлоши плими во историјата на Венеција, дури пет се случиле во последните две децении. Јасно е дека бурата најмногу е виновна за најновите поплави во италијанскиот град, но ваквите поплави со текот на времето стануваат сè поразорни поради тоа што се бележи пораст на нивото на морето.

Венеција е град кој е изграден на само неколку сантиметри над нивото на морето, а покрај тоа, со текот на времето овој град исто така тоне, па растот на нивото на морето во комбинација со тонењето се навистина лоши вести за овој исклучително популарен град.

Не пропуштајте: Мега-проектот кој требаше да ја спаси Венеција...



Спонзорирани линкови

Маркетинг